Ќе се зголемува прагот од еден милион денари за плаќање ДДВ. Министерството за финансии работи на предлогот и наскоро треба да излезе во јавноста.
Сите граѓани кои скенираат фискални сметки и учествуваат во мерката „МојДДВ“ од 25 ноември ќе бидат учесници во наградната игра „МојДДВ Моја Награда“. Предвидени се награди на дневно ниво и 15 награди на месечно ниво и две главни награди. Фондот е 31 милион денари и сите награди се парични.
Нема алтернатива за зачленувањето во Европската Унија. Ниедна регионална или локална иницијатива, па ни „мал шенген“ не може да биде замена на тоа што ние го имаме како таргет, а тоа е Северна Македонија да стане членка на ЕУ, посочи денеска вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Економијата и во периодот јули-август покажува натамошен раст, со поповолни поместувања во индустријата, трговијата и градежништвото, во однос на претходното тримесечје, заклучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на редовна седница, која оцени дека монетарната поставеност е соодветна и оти каматната стапка на благајничките записи се задржува на ниво од 2,25 отсто
Иницијативата на Србија за создавање т.н мал шенген е решение само како инклузивен процес за сите држави од Западен Балкан, смета Дриљон Исени од Стопанската комора на Северозападна Македонија
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека одложувањето на примената на Законот за оданочување на капиталните добивки на берза е добро за раздвижување на пазарот на хартии од вредност во земјава, но е против одложување на Законот за оданочување на каматите од штедни влогови
Македонија е рангирана на 82-то место од 140 држави во светот според најновиот извештај за Глобалниот индекс на конкурентноста на Светскиот економски форум
Германското пензиско осигурување организира советодавни денови во Македонија, на кои сите заинтересирани лица преку индивидуален разговор може да добијат информации во врска со германското и македонско пензиско право
Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог – законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, со кој ќе се овозможи уплата на придонеси од Буџетот во име и сметка на работниците кај работодавачите од приватниот сектор
Во насока на остварување на стратешките цели на Владата за заштита на животната средина, на вчерашната владина седница е разгледана и усвоена информацијата за нацрт предлозите за можните видови субвенции при купување на нови возила