На огласите за доделување над три хектари земјоделско земјиште ќе нема веќе несериозни апликанти кои на електронските наддавања нудеа многу големи суми, но потоа не склучуваа договори затоа што немаа никаква обврска и ги спречуваа сериозните инвестиции.
За поддршка во таа насока ќе придонесе денеска потпишаниот Меморандум за соработка во размена на информации и знаења за сузбивање даночни и царински кривични дела и перење пари со Обединетото Кралство. Лани се поднесени 42 кривични пријави за даночно затајување во земјава, а годинава една.
Тој додаде дека ЕК во Извештајот многу јасно пишува дека значајно ја имаме подобрено транспарентноста.
Се забележува напредок во социјалната инклузија и заштита. Сиромаштијата е сѐ уште сериозен проблем, но се очекува подобрување на состојбата со новиот Закон за социјална заштита кој овозможува гарантиран минимален приход за сите невработени, се вели во извештајот на ЕУ во однос на напредокот на Република Северна Македонија во делот на труд и социјална политика.
Според Анѓушев, во јавноста се создава непотребна и неоснована перцепција и тензија, но има факти што никој не може да ги заобиколи и негира.
Тој им честита на косовските лидери и на сите кои учествуваа во изградбата на автопатот „Арбен Џафери“ и најави дека и Северна Македонија ќе ги забрза работите на изградбата на автопатот од Блаце до Скопје.
На повикот за комерцијализација на иновации се доставени 487 апликации со инвестицискапрограма од 105 милиони евра и проекција за 2.726 нови работни места.
Државната комисија за спречување на корупција не смее да остане единствен орган во системот за одржлива борба против корупцијата. Донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси отвори нов фронт за борба против корупцијата, но неопходно е носење на Законот за јавно обвинителство за создавање траен механизам во системот за борбата против корупцијата.
Рокот за поднесување барања за субвенции се продолжува за еден месец односно наместо до 31 мај, апликациите ќе може да се поднесуваат до 30 јуни.
Занаетчиска комора Скопје денеска ги додели мајсторските дипломи во рамки на проектот насловен „Подобрување на капацитетите за зголемување на вработување во занаетчискиот сектор и бизнисите во Република Северна Македонија“. Во име на организаторот, присутните ќе ги поздрави претседателот на Занетчиската комора Скопје, Никола Петров.