Само „Виз ер“ доставила понуда за нови дестинации од Скопсиот и Охридскиот регион на повикот за субвенционирање авиокомпании, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јуни 2018 година се пониски за 0.3 % на месечно ниво, а за 0.8 % на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Приштина треба да се сретне со косовскиот колега Бајрам Хасани. На средбата ќе се разговара за зголемените царини на овошјето и зеленчукот што Косово ги воведе на 18 јули годинава.
Треба да бидете слеп за да не ги видите капиталните инвестиции, се градат патишта на сите страни, му порача денеска премиерот Зоран Заев на пратеникот Драган Цуклев.
Средства од Фондот за иновативност добија компании што имаат нови производи, а не компании блиски до власта, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Компаниите ДОО Гинис 3Д Прилеп и КАСТ ИНВЕСТ ДОО Скопје, кои добија средства за инвестициски проекти од Фондот за иновации и технолошки развој, ги повлекле проектите.
Околу 70 отсто или 50.000 тони се откупени досега од вкупното годинашно производство на бостан, соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Македонија засега не планира воведување контра - мерки кон Косово. Очекува целосно укинување на зголемените царини врз основа на досегашните преговори, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Грантови од повикот на Фондот за иновации и технолошки развој добиле две или три компании чии сопственици се Албанци од вкупно десет што аплицирале, соопшти вицепремиерот Кочо Анѓушев одговарајќи му на пратеникот Сурија Рашиди на седницата на која пратеникот праша зошто е мал нивниот број.
Во Термоелектраната „Осломеј“ најверојатно ќе се гради котел на висококалоричен јаглен што ќе се увезува, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев одговарајќи на пратеничко прашање, и додаде дека при изградбата ќе бидат имплементирани сите стандарди од аспект на екологијата.