Поврзувањето е клучно за водењето бизнис, а ваквите средби се одлична можност за склопување на познанства кои понатаму можат да прераснат во деловна соработка, порача вечерва во Скопје министерот за финасии Драган Тевдовски на бизнис приемот организиран од Фондацијата Фридрих Еберт, Министерството за финасии и Град Скопје.
Платежната агенција денеска соопшти дека од денеска се ставени на располагање новите средства за поврат на инвестиција за нови овошни и лозови насади, како и за набавка на педигрирани високостелни јуници.
Од компанијата соопштуваат дека со рестартирање на втората печка, што е ставено како приоритет, како и користење на висококвалитетна руда и репро материјали, ќе се зголемат производните капацитети до целосна искористеност, што ќе доведе до овие придобивки.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања, се сретна со претставници на бизнис асоцијациите и производителите на челик.
Објавен е повикот за поднесување барања за исплата на 50 отсто од трошоците за набавка на педигриран добиток, соопшти денеска министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Вредноста на увезените половни возила од денеска во царината ќе се пресметува електронски. Електронски систем што од денеска е пуштен во работа ќе ја определува електронскиот систем врз основа на внесување на бројот на шасијата на возилото.
Инвестиција од 350 милиони евра, преку 250 продавници со светски брендови и над 2.000 работни места ќе донесе проектот „Ист гејт“ што групацијата „Балфин“ го претстави како своја визија за нов и модерен симбол на Скопје.
Барањата на текстилниот кластер се неприфатливи за Владата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, прашана во однос на барањата од текстилната индустрија за субвенции за придонеси.
Најмногу работници се бараат во преработувачката индустрија. Следува трговијата на големо и мало, а потоа во секторот администартивни и помошни услужни дејности.
Перењето пари и финансирањето тероризам не се феномени кои ја заобиколуваат Македонија. Напротив, како дел од глобалната финансиска мрежа и правно - деловниот промет, но и поради својата природна, географска местоположба, Македонија е под закана од перење пари .