Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за половина денар, а цената на бензините останува иста, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.
Државата и оваа година ќе покрива 60% од осигурувањето за земјоделците, но ќе работиме и на подигање на свеста за потребата од осигурување, изјави на првата трибина со земјоделците и осигурителните компании за осигурувањето во земјоделството, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
- Проблемот со брашното го прават неколку фирми кои сакаат да го заобиколат законот, и на криминален начин да дојдат до повеќе пари, сметаат земјоделците.
Нема никаков проблем, тоа што е догогворено во Скопје се спроведува. Мешовитиот комитет заседаваше во Белград, ќе продолжи со седница во Скопје, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Македонија преку Мешовитиот комитет работи на изнаоѓање трајно и систематско решение за увозот на српското брашно, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски денеска најави „отворени денови“ на Платежната агенција со цел подобро и поопсежно информирање на земјоделците.
Потврдата на стабилниот изглед ги одразува оценките на „Standard and Poors” за балансирани ризици помеѓу траекторијата на јавниот долг и политичката неизвесност од една страна, и поволните економски перспективи на земјата од друга страна.
Проектираниот раст на БДП од 3,2 отсто за 2018 година во овој момент се уште изгледа остварлив, но останува зависен од многу фактори, оценува проф. д-р Марјан Петрески од Универзитетот Американ Колеџ - Скопје.
Бројот на невработени лица лани изнесувал 213.564 што претставува 22,4 проценти од активното население во државата, објави Државниот завод за статистика.
- Најважно е да видиме дали новите трендови носат нешто ново на пазарите на малите држави кои не се доволно јаки за да можат да конкурираат на глобалниот пазар, изјави Оцвирк.