Во првата половина од годината осигурителниот пазар бележи пораст од 6,36 проценти при што во последните три години е забележан највисок пораст во сегментот неживот, а сегментот живот забележа раст од 14,63 проценти.
Договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за користење на 100 милиони евра за мали и средни претпријатија ќе биде потпишан денеска меѓу Владата претставувана од Министерството за финансии, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и ЕИБ.
Европскиот социјален фонд нуди 70 милиони евра за вработување и мобилност на младото население во државите, а досега Европската Унија во Македонија има дадено повеќе од 8,8 милијарди евра, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при денешната работна посета на општина Ранковце.
Како што беше речено денеска во Стопанската комора на Македонија, сертификатите за енергетска ефикасност на становите согласно легислативата во овој момент, се издаваат врз база на проектната документација, но во текот на изградбата се случуваат најразлични промени кои потоа доведуваат до отстапувања.
Јавното претпријатие за државни патишта работи на проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце, која би стартувала напролет следната година, а ќе се одвива во две фази, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.,
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) - на горивата во јули годинава се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 38,5 отсто на годишно ниво.
Петстотини и триесет активни акционерски друштва и 70.000 сопственици на харии од вредност имаат можност електронски да преземат извештаи од Централниот депозитар за хартии од вредност, а при тоа цената ќе биде пониска за 30 проценти.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јули годинава се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а повисоки за 1,1 отсто на годишно ниво.
Повеќето од општините што ги посетил во изминатиот период, како што рече министерот, немале доволно пари од општинските буџети за подобрување на лошата состојба на локалните патишта.
Такви тврдења денеска изнесе Асоцијацијата на превозници „Исток“, апелирајќи до надлежните институции да преземат мерки за сузбивање на нелегалниот автобуски превоз со автомобили и комбиња, што како проблем се провлекува со години наназад.