Учеството на извозот на стоки во БДП од 2012 година е зголемен за 50 проценти. Нашата држава е на добар пат, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил
Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во јули годинава во споредба со јуни останале непроменети, а во однос на јули лани се зголемени за 0,3 отсто
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 194.235.989.000 денари и бележи пораст од 14.1 отсто во однос на истиот период од претходната година
Натамошно олеснување на кредитните услови и за претпријатијата и за домаќинствата, покажува анектата за кредитна активност спроведена во вториот квартал од оваа година
Минатата година извршителите наплатиле околу 127 милиони евра од граѓаните, фирмите и другите должници
Лозарите од Тиквешко бараат повисоки цени за грозјето, реагираа денеска од Здружението „Напредни лозари”, по, како што рекоа, крајно неизвесните и по лозарите крајно поразителни најави и условувања за откуп на грозјето во оваа година
Растот на домашната економија во првиот квартал од годинава е солиден, а податоците за периодот април и мај упатуваат на продолжување на поволните поместувања во економијата и очекувањата за солиден економски раст годинава
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од утре се зголемуваат за 0,50 денари по литар, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетија
Преку 14,5 милијарди денари или 236,4 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии, повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јули е поголем за околу 14,5 отсто во однос на лани
Претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурување Климе Попоски учествуваше на форум во Сеул, организиран од меѓународната научна организација Асоцијација за ризик и осигурување на Азија и Пацифик и во коорганизација на Меѓународното здружение на осигурување, на тема „Одржлив развој во општество на ризици“