Таа укажа дека според статистичките податоци, компаниите коишто внеле иновација во работењето имаат значајни резултати во намалување на трошоците, но и зголемување на работата и на профитот.
Се очекува растот на странските директни инвестиции да се искачи на над пет отсто од БДП, одржливо ниво, во периодот по пристапување во НАТО.
По тој повод ќе се одржи свеченост на која ќе се обратат премиерот Зоран Заев, заменик министерот за финансии Ширет Елези и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.
По повод Денот на еднаква плата за мажите и жените, Центарот за истражување и креирање политики организира дебата на тема „18% помалку вредни: јазот во платите на мажите и жените“.
Николовски истакна дека откупот и пласманот на земјоделските производи се поддржани преку Програмата за рурален развој. Одвоени се четири милиони евра преку мерки за предфинансирање и промоција на проекти од преработувачката индустрија, еден милион евра за подршка на сите економско-социјални партнери и одобрени се учествата на сите саеми.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво се повисоки за 1,3 отсто, а се пониски за еден отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, покрај присуството на активностите од вториот ден од енергетскиот форум „Берлински дијалог за енергетска транзиција“, денеска оствари оствари повеќе работни средби во Берлин.
Во првите три месеци од годинава преку Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, се превезени 480.845 патници, што е пораст од седум проценти споредено со првиот квартал лани, објави денеска ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите.
Три проценти раст на домашната економија за годинава прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот Глобален извештај.
Народната банка по намалувањето на каматната стапка во претходниот месец, оцени дека е соодветна на постојните економски и финансиски услови и на последната седница одлучи да ја задржа на ниво од 2,25 проценти.