Владата предовдена од СДСМ продолжува со грижа кон земјодлеците. Исправена е долгогодишната неправда кон лозарите од нашиот регион.
Сите да се вклучат во развој на економијата и нејзино прилагодување на европскиот пазар, да се искористи поволниот политички момент, да продолжат реформите во администрацијата, да се подобрат стандардите и конкурентноста на компаниите, државата да го помогне растот на индустријата.
Цените на угостителските услуги во март се намалени за 0,3 проценти во споредба со февруари, а зголемени за 1,3 проценти во однос на март минатата година.
Премиерот Зоран Заев очекува економски раст од над четири проценти во првиот квартал годинава и надминување на проекциите за раст од 3,2 проценти за целата година.
Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија се државите со кои најмногу сме тргувале во првите два месеца од годината.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари годинава изнесува 1.075.052.000 долари и бележи пад од еден отсто во однос на истиот период лани.
Министерот за економија Крешник Бектеши утре и задутре ќе учествува на Првиот балкански форум за инфраструктура, развојни мрежи и за промоција на претприемништво и иновации, што се одржува во Солун, во организација на грчкото Министерство за Македонија и Тракија.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китановски денеска ќе извршат увид во изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.
Државата им ги исплати на лозарите парите кои со години им ги должеа „Повардарие” и „Стефани винарија” за предадено грозје. Се работи за 77 милиони денари на 2.048 лозарски семејства за грозје од 2015 и 2016 година.
Советот за рамномерен регионален развој на денешната седница го утврди предлогот за финансирање нови 44 проекти во осумте плански региони, што ќе и биде доставен на Владата на усвојување на наредната седница. Вкупно 289 милиони денари се обезбедени од буџетската Програма за рамномерен регионален развој што се реализира преку Министерството за локална самоуправа.