Пет банки кои котираат на Македонската берза се меѓу десетте компании со најголема добивка во 2018 година. Прва со најголем добивка е Стопанска банка АД Скопје од 2,746 милијарди денари, следи НЛБ Банка АД Скопје со 2,120 милијарди денари, потоа Комерцијална банка АД Скопје со 1,806 милијарди денари.
Македонската економија во првите неколку месеци од годинава бележи зголемување на вкупниот извоз на пазарот во Русија за 41 процент, од кои само кај земјоделските и прехранбените производи растот изнесува 90 проценти за месец јануари, споредено со истиот месец минатата година.
Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2018 година изнесувала 43.155 денари, што е за 3,2 отсто повеќе во однос на 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Потребна е зголемена координација меѓу сите институции во државата, особено меѓу министерствата за животна средина и просторно планирање и за економија, со граѓанските организации и со меѓународните партнери бидејќи во овој момент се изработува стратегијата за енергетика и почнува стратегијата за клима.
Министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за локалната телевизија „Гура“ зборуваше за економската ситуација во земјава, странски директни инвестиции и политиките што ги креира Владата за нивно привлекување, како и влијанието на стабилноста на државата на нивото на инвестиции – постоечки и потенцијални.
Меѓународна конференција „Хидроенергетски проекти и заштита на природата – предизвици и решенија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Фронт 21/42.
Од денеска почнува одбележувањето на Глобалната недела на парите. По тој повод ќе бидат организирани низа активности за јакнење на свеста за потребата од поголема финансиска писменост и промоција на предностите од поголемата финансиска вклученост.
Министерката Апостолска, како што информираат од нејзиниот кабинет, порачала дека со зачленувањето во НАТО и цврстата определба за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, Владата внела политичка стабилност и заедно со економските политики креирала опкружување кое делува охрабрувачки за припадниците на бизнис заедницата
Унапредување на трговската размена и иницијативата за намалување на увозните тарифи се темите за кои денеска во Каиро разговараа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и египетскиот министер Ezz El-Din Omar Abu Steit