Според официјалните податоци од руските надлежни институции и од надлежните институции на Република Македонија, не постои застој при влез на македонските камиони во Руската федерација, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по денешната средба на ресорниот министер Љупчо Николовски со рускиот амбасадор во државава Сергеј Баздникин.
За инвестиции во рурален туризам годинава Министерството за економија ќе финансира проекти со вкупна вредност од два милиони денари.
На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ денеска слета првиот авион на компанијата „Визер“ на нововоспоставената линија од Охрид до Малме, шестиот по големина град во Скандинавија.
Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулторната комисија за енергетика.
Руските царински власти потврдија дека увозот на македонски производи се реализира без никаков проблем. Три камиони свежо овошје и зеленчук или околу 60 тони веќе ја поминале границата со декларација на која стои ПЈРМ и сертифкат на кој го пишува новото име – Република Северна Македонија.
Заврши откупот на тутунот од минатогодишната реколта. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), откупени се над 25,2 милиони киограми тутун по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во рамки на предистражната постапка од МТСП било побарано и до ОЈО дополнително доставило документи кои се однесуваат на вршењето на надзорот на Министерството врз работата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Според последните достапни податоци од НБРМ кои се однесуваат на третиот квартал од 2018 година, со платежни картички се направени трансакции во вредност од 100 милиони евра за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година.
Политиката на зголемување на платите е приоритет на Владата. Затоа преземаме низа мерки за раст на платите, меѓу кои и покачувањето на минималната плата, но и воспоставување законски механизам за нејзино редовно усогласување, вели министерствот за финансии Драган Тевдoвски во интервју за Радио Слободна Европа
Во организација на Агенција за промоција и поддршка на туризмот и на меѓународниот саем за туризам „Place2Go”, Република Македонија е прва земја партнер на овогодинешната самска манифестација што од 15-ти до 17-ти овој месец се одржува во Загреб, Хрватска