Во јануари годинава земјава ја посетиле 49.021 турист кои оствариле 102.691 ноќевање.
Триесет претпријатија финансирани од третиот столб на Планот за економски раст, денеска на Б2Б средби во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ги претставуваат своите можности пред група израелски фондови и претприемачи заинтересирани да инвестираат во иновативноста на македонските компании. Тие се избрани токму од израелските инвеститори на кои им бил предочен списокот од околу 200 компании кои добиле средства од ФИТР.
Креиравме транспарентна и конкурентна постапка за инвеститорите што сакаат да градат фотоволтаици, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во дневникот во 1 ТВ, каде посочи дека има голем интерес за инвестирање.
До 11 април годинава може да се поднесуваат барања за финансиска поддршка за приплодни овци, кози и јуници со педигре, набавени од увоз или од домашни признати организации.
Средба меѓу израелски инвеститори и македонски компании – корисници на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе се одржи во просториите на Фондот.
Од почетокот на овој месец, рудникот за олово и цинк САСА вработи нови 44 лица. Пред да стапат на работните места, соопштуваат од Рудникот, за сите нови членови на тимот е организирана соодветна обука за да се осигура дека тие безбедно ќе ги извршуваат работните задачи.
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јануари годинава се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво и за 4,7 проценти на годишно ниво.
Државниот завод за статистика денеска објави дека во јануари се издадени 307 одобренија за градење што е за 62,4 проценти повеќе во однос на истиот месец лани.
Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Романија во Република Северна Македонија, Виорел Станила.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставникот на компанијата изведувач на проектот Штрабаг, Златан Ѓурѓиќ денеска во Валандово го потпишаа договорот за градежните работи за проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар од втора фаза, што треба да ги намали трошоците за земјоделците за порентабилно производство и конкурентно земјоделство.