Во периодот од јануари до октомври 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристи е зголемен за 13,1 отсто и тоа кај домашните туристи зголемувањето изнесува 14,1 отсто, а кај странските 12,5 проценти. Ова денеска го изјави Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ (АППТ) на прес-конференција во Скопје.
Над 250 компании во Македонија годинава добија поддршка преку владиниот план за економски развој во износ од 35 милиони евра, колку што беа предвидени во Буџетот и ребалансот за годинава. Сите средства се искористени и заклучно со утре ќе бидат исплатени на компаниите.
Одлуката на ЕУ за воведување квоти за увоз на челик да не биде демотивирачка за домашните компании, порача премиерот Зоран Заев и ги охрабри да продолжат со своите планови за 2019 година, а дека решенија секогаш може да се изнајдат.
Работодавачите имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор, познат како К-15, на сите вработени во медиумите, потсетуваат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Владата денеска на 112. седница ја разгледа и усвои Информацијата за најавата од ЕУ за воведување конечни заштитни мерки за челични производи.
Националниот совет за одржлив развој на денешната седница ја реафирмираше заложбата на Владата за имплементација на глобалната „Агенда 2030“ на Обединетите нации и за интегрирање на Целите за одржлив развој во севкупното работење на државата.
Македонија во октомври годинава вкупно потрошила 591.053 мегават часови електрична енергија, 24.647 милиони нормални кубни метри природен гас, 445.569 тони јаглен и 86.648 тони нафтени продукти.
Од Синдикатот на „Фени“ во Кавадарци се уште чекаат да заврши стечајот. Во писмената реакција до јавноста, пишуваат дека стечајната постапка се одолговлекла токму поради жалбите што ги поднесувале оние кои ја однеле компанијата во стечај. Во такви услови, работниците наместо да бидат вработени на неопределено време, морале да потпишуваат месечни договори за работа.
Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки на денешната средба со новинарите информира дека од буџетот за 2018 година се реализирани 95 отсто.
Преку реформи на даночниот, пензискиот, социјалниот систем, системот на јавни набавки, фискалната транспарентност, спречување перење пари, како и менаџирањето на јавниот долг, во 2018 година има значително подобрување во јавните финансии во земјава, соопштуваат од Министерството за финансии.