Регинална конференција за состојбите во јавните набавки: Антикорупциски механизми и улогата на засегнатите страни ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Балкан тендер воч“, коалиција на граѓански организации од државите на Западен Балкан.
Стопанската Комора на северозападна Македонија денеска ќе го промовира Каталогот „ТОП 100″.
Комисијата за спроведување на постапката за избор на Универзален снабдувач со која претседава академикот Глигор Каневче, денеска, по истекот на рокот за поднесување апликации на јавниот повик, веднаш по 15:00 часот, изврши јавно отворање на доставените понуди во согласност со тендерската документација.
Откупот на тутунот во земјава се одвива непречено и на 198 откупни пунктови го преземаат девет компании. Досега се откупени 7.261.628 тони по просечна цена од 205,34 денари за килограм.
Почнаа рударските активности на новото рудно тело Боров дол, кое треба да го продолжи векот на единствениот рудник за бакар и злато „Бучим“-Радовиш.
Политичка стабилност, предвидлива деловна клима, инвестиции во инфраструктурата и дигитализацијата, реформи во јавната администрација за нејзина поголема транспарентност и ефикасност и не толку чести промени во законодавството, се дел од препораките што странските инвеститори во Македонија денеска ги упатија до македонската Влада.
Скопје бил најпосетен град во земјава од странски туристи во октомври годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика Скопје го посетиле 27.849 странски туристи со остварени 49.110 ноќевања.
Во октомври годинава за 31 отсто се издадени помалку одобренија за градење во однос на октомври лани, но предвидената вредност на објектите е повисока за 45,7 отсто во однос на истиот период.
Македонија дваесеттина години активно работи на борба против корупцијата, но сепак се има чувство како работите да се на почеток. Земјата има добра правна рамка, но недостига примена на законите, како и јакнење на институционалните капацитети.
Новиот систем на јавни набавки што ќе почне да се применува од следната година врз основа на индикатори ќе сигнализира на ризик, а управната постапка ќе ја врши Бирото за јавни набавки. Системот што Македонија го воспоставува е софистициран и може да се развива.