Речиси една четвртина од граѓаните лани живееле во сиромаштија. Податоците на Државниот завод за статистика покажаа дека околу 460 илјади лица или 22.2 отсто биле сиромашни, како и дека стапката на сиромаштија е поголема во однос на претходната година кога изнесувала 21,9 отсто или сиромашни биле околу 445 илјади граѓани.
Железничката пруга од Куманово до Бељаковце се очекува да биде готова за 18 месеци, а во рок од три до четири месеци да заврши тендерската постапка за делот од Бељаковце до Крива Паланка по што би почнала и нејзината изградба, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
За седум години е одложена обврската да се пријавуваат во електронскиот систем за даноци во УЈП за пензионерите кои не остваруваат друг приход освен пензија, информира директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска ќе има работна средба со бизнис заедницата на општина Струмица.
Членките на Управниот одбор на Стопанската комора Македонија – Турција – МАТТО на средбата со министерот за финансии Драган Тевдовски му порачаа дека стапување на сила на законот за доход за месец и половина ќе создаде проблем.
Откупот на тутунот почна непречено и се одвива без застој, потврдуваат од Државниот земјоделски инспекторат. Во земјава откупуваат осум од деветте компании.
Рокот за избор на универзален снабдувач со струја е продолжен до 12 декември, и тоа е согласно законските рокови и зголемената транспарентност на процесот, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев за време на денешниот престој во Битола.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во придружба на градоначалникот на Битола Наташа Петровска, извршија увид во изградба на железничката пруга Битола – Кременица.
Во Предлог-буџетот за 2019 година за секторот земјоделство проектирани се 10,5 милјарди денари кои според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски треба да придонесат кон создавање на модерно и конкурентно земјоделство.
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Економски факултет Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” потпишаа меморандум за соработка, со цел заеднички да придонесуваат кон развојот на е-трговијата и развивањето на способностите, дигиталната писменост и градењето капацитети во секторот за е-трговија во Република Македонија.