Македонското решение ASAP на стартап компанијата Елевејт глобал (Elevate global) е меѓу победниците на инвестицискиот ден на Бетапич (BETAPITCH Global & Investors Day) на глобалниот стартап центар Бетахаус во Берлин, Германија.
Во струмичкиот регион интензивно тече откупот на тутунот, а на откупните пунктови пет компании вршат откуп.
Недостигот од квалификувана работна сила во македонската економија е сѐ поизразен, а дисбалансот на пазарот на труд е предизвик за стопанствениците, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
Иновативното решение на компанијата „Некстсенс ДОО“ е избрано како прворангирано на Јавниот повик за финансирање на проект за изработка на информациски систем за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај, финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерството за транспорт и врски. Проектот ќе трае девет месеци, а износот на доделениот грант од страна на ФИТР е 4.522.722,00 денари.
Привршува бербата на трпезно јаболко во Преспанскиот регион, но производителите не се задоволни од откупната цена која достигнува осум до 10 денари. Велат, споро оди и откупот на индустриското јаболко чија цена моментно е еден денар за килограм.
МЕПСО додели две стипендии на студентки на насоката за електроенергетски системи на Техничкиот факултет при универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.
Во фабриката „Еурокомпозит“ во Прилеп денеска е исклучена струјата поради неплатените заостанати долгови и ситуацијата е крајно неизвесна и се влошува, смета синдикатот на „Еурокомпозит“.
Просечната нето плата во септември 2018 година изнесува 24.355 денари и бележи раст во однос на септември 2017 од 4,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Триесетина лозари од Кавадарци денеска заминаа на судско рочиште во Гостивар, за да ги бараат парите за предаденото грозје во 2015 година. Петстотини лозари побаруваат 850 илјади евра. Винаријата во Кавадарци која своевремено беше отворена со германски капитал замина во стечај, а рочиштето е во Гостивар, бидејќи седиштето на компанијата, од Кавадарци беше префрлено таму.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница ќе разгледа пет предлог-одлуки за издавање лиценца за вршење енергетска дејност трговија со електрична енергија, за менување лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала и за издавање привремена лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала.