Од Државниот пазарен инспекторат додаваат и дека тие немаат надлежност за регулирање на правата и обврските на понудувачот и потрошувачот кога станува збор за меѓународен пазар.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска се сретна со Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), предводена од претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши учествуваа на јубилејниот 15-ти Виенски економски форум „Дијалог за иднината 2018 – Економијата се среќава со политиката“ што денеска се одржува во Виена.
Петстотини лозари побаруваат 850.000 евра за грозје предадено во 2015 година. Со оглед дека винаријата во Кавадарци која своевремено беше отворена со германски капитал отиде во стечај, утре дел од лозарите ќе заминат за Гостивар, за да присуствуваат на судското рочиште, беше одлучено на денешниот координативен состанок.
На откупниот пункт во Прилепскиот тутунски комбинат денеска беше и официјално означен стартот на откупната кампања на тутунот од годинашнава реколта. Тутунарите го донесоа родот на вагите и, како што велат, очекуваат и се надеваат добро да поминат со процената.
Монетарната политика е соодветно присобена, а банкарскиот систем и натаму е здрав, но ризиците треба се уште внимателно да се следат. Ова како што информираат од Народната банка на Република Македонија (НБРМ) го оцени тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Завршното соопштение за редовниот годишен преглед на македонската економија.
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев денеска присуствуваше на официјален работен појадок што го организираше Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц за премиерите од Западен Балкан кои ќе учествуваат на 15-тиот Виенски економски форум.
Гранскиот Независен синдикат на полицијата денеска пред Владата побара зголемување на платата за уште дополнителни пет отсто за сите вработени во МВР, шумска, затворска и судска полиција. Зголемување на платата од пет отсто, согласно Предлогот на Владата за 2019, да се коригира со уште дополнителни пет отсто и да почне од 1 јануари 2019 година.
Царинската управа на Република Македонија го прифати новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе ја замени досегашната АСИКУДА, истиот беше подготвуван во изминатите 5 години и претставува почеток на дигиталната ера на Царинската управа.
Поефикасни инспекциски служби без репресивна, туку првенствено со советодавна улога, вработување нови инспектори и зголемување на платите, со цел намалување на корупцијата во оваа дејност, најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната јавна расправа за Предлог новините на Законот за инспекциски надзор.