Народната банка на Република Македонија информира дека таа и гувернерот на Централната банка на Данска, Пер Калесен, преку одделни излагања ќе ги изнесат своите видувања и оценки за одделни области опфатени со Прегледот, за кој, задржувајќи се на главните наоди и согледувања, прво ќе говори директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, Пол Томсен.
Над 60 говорници од 20 држави денеска и утре во Скопје ќе дискутираат на теми за глобалната економија и регионот во рамки на седмото издание на Самитот Македонија 2025, што почнува официјално денеска со поздрави обраќања на Ентони Б. Ким од фондацијата „Херитиџ“ – САД и на претставници од „Економист“, „Мекинзи“, Европската инвестициска банка…
Управата за јавни приходи денеска ќе претстави нов систем за проценка на ризици.
Годишен преглед на македонската економија ќе спроведе Мисијата на меѓународниот монетарен фонд, предводена од Џесмин Рахман, која престојува во Македонија од денеска до 16 месецов.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествуваат на јавна расправа за Правилникот за обновливи извори на енергија (ОИЕ) и Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија.
Регрес за годишен одмор работодавачот треба да им исплати на сите работници кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или затворска казна.
Поранешниот министер за финансии и член на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Трајко Славески на новинарското прашање во емисијата Економски Магазин на АЛСАТ-М – дали при евентуално враќање на власт, би се залагал за укинување на прогресивниот данок...
Во текот на наредните два дена, повеќе од 350 реномирани гости од целиот регион, ќе имаат можност да слушнат за најдобрите светски практики во бројни актуелни области, меѓу кои: дигитална трансформација во бизнисот, производство на канабис за медицински цели, примена на најсовремените технологии во здравството, изградба на технолошко-иновативни центри, вештачка интелегенција и многу други.
Околу 100 компании аплицирале за поврат на средствата откако годинава инвестирале во нови погони, технологии, но и нови вработувања и зголемување на плати, кои се услов Владата да им исплати пари на компаниите. Денеска во Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа работна стредба меѓу преставници од бизнисот и Стопанската комора на Северозападна Македонија каде беа презентирани владините мерки за поддршка на инвестиции од трите столба на планот за економски раст.
Во градежништвото во Македонија претежно се купуваат обврзувачките стандарди со регулативата, а во овој сектор се евидентирани и фирми со фотокопирани стандарди. Примената на стандардите со правила и принципи се клучни за конкурентноста и квалитетот на градбите, порачаа денеска од Институтот за стандардизација (ИСРМ).