Имено, со измените, данокот на доход од игри на среќа ќе се плаќа по нова, единствена каматна стапка од 15%, што е зголемување за 50% или 5 процентни поени од актуелната стапка која изнесува 10%.
Владата на Република Македонија вечерва во рамки на 100-та седница ги разгледа и усвои амандманите на ребалансот на Буџетот за 2018 година предложени на матичната комисија во Собранието.
Владата на Република Македонија попладнево ја одржува 100-та седница на која на дневен ред е дополнет предлог за изменување и дополнување на Буџетот на РМ за 2018 година.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски од денеска до 7 ноември ќе учествуа на третиот Регионален форум за иновација, технологија и претприемништво во Сараево – Sarajevo Unlimited 2018, каде што ќе ги претстави мерките и активностите што ги презема државата за зголемувањето на економскиот раст преку поддршка на успешни иновативни бизниси.
Ако прогресивното оданочување се реализира, ќе има негативни последици врз целата бизнис заедница. Значително ќе се зголеми сивата економија и ќе се нарушат условите под кои ќе се одвива целокупната економија во државата.
Сите рудници за метали минатата година уплатиле во буџетот 4,95 милиони евра за концесија, што е само 2,74 отсто од нивните вкупни приходи.
Ако земјава не го укине или олесни визниот режим за Кина, ќе остане надвор од Балканскиот туристички пазар, а девизниот прилив, наместо тука, ќе заврши во регионот, предупредува Стопанската комора на Македонија.
Цените на угостителските услуги во октомври годинава во споредба со септември се на исто ниво, но во однос на октомври лани се зголемени за три отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Вкупно 11.640.243.000 американски долари изнесува трговска размена на Македонија за периодот јануари-септември 2018 година. Притоа, на извоз отпаѓаат 5.046.877.000 што е раст од 22,7 отсто во однос на истиот период лани, додека на увоз 6.593.366.000 долари што е за 19,5 отсто повеќе во споредба со јануари-септември 2017.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска имаше средба со директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија Патрик Мартенс, на која се разговараше за инвестициската клима во Македонија, за тековните проекти и за можностите за понатамошна соработка.