Со проектите поддржани од Програмата за рурален развој, средствата што преку даноци граѓаните ги уплаќаат во државната каса, преку нови проекти повторно ќе се вратат кај нив во форма на подобри услови за живот, рече денеска директорката на УЈП, Сања Лукареска.
Деловниот сектор треба да има можност континуирано да дава препораки и коментари за предложени измени во законодавството и да разговара со креторите на политики за идеи кои би ја подобриле регулативата и би го зајакнале деловното опкружување, порача претседателот на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) Славко Пројкоски на 18. Генерално собрание на Комората.
На седницата помина и Информацијата за потребата од фазно финансирање и реализирање на изградбата и инсталацијата на електронскиот систем за наплата на патарини во Република Македонија.
На предлог на Секретаријатот за европски прашања Владата ја прифати Одлуката да ги задолжи сите министерства до втори ноември да ги достават пополнетите прашалници како содржина за редовниот извештај за напредокот на земјата што секоја година го изготвува Европската комисија на ЕУ.
Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани клучеви за моторни возила, рутери, цигари, облека, бижутерија и црковни производи.
Во Управата за јавни приходи се бара решение за пензионерите во однос на системот за регистрација за годишните даночни пријави. Министерот за финансии Драган Тевдовски поддржува решние тие да не се пријавуваат туку по административен пат да се добиваат податоците.
Нивото на штедни влогови во банките во Македонија е на високо ниво. Македонските граѓани негуваат култура на штедење во банкарскиот сектор. Повеќе се штеди во денари, а се зголемуваат и депозитите на долг рок. Штедните влогови се сигурни и безбедни, а банките имаат доволно ликвидни средства.
Кинеска поговорка вели, „патот од 1000 милји почнува со еден чекор. Процесот 16+1 како еден чекор е платформата за РМ да продолжи со продлабочување на соработката со НР Кина и земјите од ЦЕИ.
Индустриското производство во септември е зголемено за 4,5 проценти во споредба со истиот месец лани, а зголемување од пет проценти има и за периодот јануари – септември.
Македонски вина минатата недела беа претставени на промоции во САД и Сингапур, а на почетокот на ноември ќе се промовираат во Данска. Претставувањето на вината е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанаство во соработка со здружението „Вина од Македонија“.