2018 година е економски изгубена година за Македонија, смета даночниот советник Павле Гацов. За него е нереален економскиот раст од 2,8 проценти и не очекува истиот да се достигне.
Доколку воспоставиме подобра соработка меѓу земјите во регионот, ќе соработуваме подобро и со Европската Унија.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со делегација на македонски стопанственици, денеска и утре, во Будва, Црна Гора, учествува на конференцијата „Балканот и ЕУ – петгодишен циклус на Берлинскиот процес“, организирана од Стопанската комора на Црна Гора.
-Од лани склучените 424 договора во Платежната агенција, веќе се исплатени 175 милиони денари на 313 земјоделци со неповратна финансиска подршка од по 10.000 евра. Најголем дел беа за набавка на трактори и механизација, како и за почнување сопствен агро бизнис на млади лица заинтересирани за земјоделство кои се невработени повеќе од две години, појасни Николовски.
Малите потрошувачи и домаќинствата и во иднина ќе немаат обврска да доставуваат физички номинации до операторот на електропреносниот систем, туку во нивно име тоа ќе го прави снабдувачот како нивна балансно одговорна страна, предвидуваат Предлог-правилата за пазар на баланс на енергија кои ги разгледа Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница.
Членовите на здружението на стечајни работници „Унит“ од Куманово, денеска го поздравија усвојувањето Законот за материјално обезбедување невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложен од група пратеници, со кој се очекува да бидат опфатени дополнителни 1.600 стечајци на ниво на државата.
По остварениот сезонски пад во првото тримесечје од годината, кредитната активност на банкарскиот сектор во вториот квартал оствари раст од 2,7 отсто, соопшти денеска Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Општините мора да работат на проекти во текот на зимскиот период за целосно да бидат подготвени за старт на новата градежна сезона, во март следната година, и веднаш да почнат со нивната реализација, порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната работна посета на општина Карпош.
Македонија ќе добие регистар на вистински сопственици. Од 1 октомври следната година секое физичко лице при иницијална регистрација во Централниот регистар ќе потпишува и изјава за сопственост на удели во други субјекти. Целта е спречување перење пари и да не може да се префрлаат средства од едни на други правни лица.
Компаниите снабдувачи со електрична енергија најдоцна до 3 декември треба да аплицираат на јавниот тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија што Владата го распиша во септември, согласно новиот Закон за енергетика.