Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Царинската управа на Република Македонија, организира настан на тема „Овластен економски оператор – нов тренд во царинското работење, предизвици, искуства и поедноставување на царинското работење“.
Вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која беше изнесена невистина дека МХЕ Тополки по пат на непосредна спогодба добило градежно земјиште за изградба на мала хидроцентрала, претставува класичен пример на манипулација на јавноста, реагира МХЕ Тополки до медиумите.
Во врска со прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, одржана на 22-ри октомври 2018 година, чувствуваме потреба да ја информираме јавноста, дека се работи за изнесување на неточни информации преку кои се прави обид да се наруши угледот на Владата на Република Македонија, на Претседателот на Владата, Зоран Заев и Заменикот на Претседателот на Владата, Кочо Анѓушев.
Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за здравство Венко Филипче, денеска во Женева учествуваше во активности во рамките на Светскиот инвестициски форум.
Транзицијата на електропреносните во паметни мрежи е голем предизвик на сите електропреносни систем-оператори. Во нашиот регион сите систем-оператори активно се подготвуваат за спроведување на решенија кои меѓу другото ќе овозможат и масовно користење на автомобили на електричен погон.
Министерот за финансии посочи дека освен решавање на проблемот со долговите на општините, Владата ќе воспостави механизам за спречување на акумулирање на долгови во иднина. Се предлагаат измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со воспоставување на фискално правило за планирање на сопствените приходи на основниот буџет на единиците на локалната самоуправа.
Владата на Република Македонија на денешната седница усвои предлог законско решение со кое се уредува финансиската поддршка за општините и единките корисници основани од нив, со кој се предвидува обезбедување на 51 процент од пријавените неплатени обврски за сите општини.
Вкупно 35 земјоделци од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане аплицирале за мерката „млад земјоделец“, што е двојно повеќе во однос на минатата година, информира денеска Регионалниот центар Куманово од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Емилија Нацевска и Ана Митреска се именувани вицегувернери на Народната банка на Република Македонија. Предлогот на гувернерката Анита Ангеловска Бежоска Нацевска и Митреска да бидат избрани за вицегувернери во Народната банка на Република Македоија беше поддржан од Собранието на Република Македонија на 18 октомври во рамки на 60. седница. Ден потоа, како што информираат од НБРМ, Нацевска и Митреска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери.
Заинтересираните од денеска, па во наредните 50 дена ќе можат да аплицираат во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за добивање средства од првиот јавен повик за старт-ап и спин-оф компании во вкупен износ од еден милион евра што се реализира во соработка со Светска банка.