Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, истакна дека летаргијата кај стопанствениците е резултат на континуираната криза и воздружување од инвестиции.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека до крајот на годината растот на БДП ќе биде во рамки на предвиденото.
Македонија има сериозна трговска размена од 1,2 милиони долари и стокова размена од 22,1 отсто со Турција, Албанија и Бугарија, земјите кои ги поврзува Коридорот 8, а состојбата со коридорот е очајна, особено на единствената влезна точка на гас, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија.
- Владата од самиот почеток беше посветена како да ги реши проблемите во енергетиката кои ги наследивме.
Трошоците на живот во мај годинава во однос на претходниот месец бележат пораст од 1,0 проценти, а во однос на мај лани пораст од 1,7 проценти.
Македонските компании особено малите и средните претпријатија имаат недостиг од вообичаените форми за финансирање поради што е потребно да се разгледаат правните можности за влез на ангел инвеститорите кои вложуваат свеж капитал во компаниите.
Со 15 милиони евра од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ - ИПА 2019 ќе се финансира земјоделството во Македонија.
Бруто домашниот производ во првиот квартал годинава забележал стапка на раст од 0,1 процент, објави Државниот завод за статистика.
Над 5.000 луѓе може да останат без работа поради воведувањето на минималната плата и одлуката на Уставниот суд да го укине нормираниот учинок, а некои компании, од кои дел странски инвеститори, веќе си одат од земјава, предупредуваат текстилците.
Бројот на жените-претприемачи во Македонија не се зголемува. Точно е дека се отвораат нови фирми, но и се затвораат веќе постоечките. Подршката од државата не е доволна, ниту сосема соодветствува на потребите, а водењето бизнис од страна на жена е се уште предрасуда.