Фондацијата „Тиквешки вински пат” од Кавадарци, општина Росоман и Министерството за локална самоуправа потпишаа Договор за кофинансирање на проектот за прекугранична соработка со Грција, вреден над 500 илјади евра, со кој росоманската општина добива Центар за туризам.
Вработените воприлепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ бараат гаранција за исплата на отпремнините, пари за плата и работа, а за утре најавуваат протест пред Владата во Скопје.
Во јули годинава во Македонија се потрошеи 549.423 МWh електрична енергија. Од нив бруто домашно производство е 70,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Македонското земјоделство мора да креира сопствен бренд, да нуди постојан, стандардизиран квалитет и да биде крајно сериозно кога е во прашање пласманот ако сака да биде конкурентно на европскиот пазар. При евентуален влез во ЕУ, доматите, пиперот, краставицата и компирот се производите со кои уште веднаш би можеле да се пробиеме.
По долгогодишна агонија состојбата во прилепскиот тутунски комбинат се нормализира. Пуштена е во производство нова машина во фабриката за цигари, со што е зголемено производството во комбинатот. Се надеваме, по долгогодишните загуби, на позитивни резултати во комбинатот, прв пат оваа година.
До крајот на месецов, до 30 септември, ќе бидат прогласени технолошкиот вишок и тие луѓе ќе може да си ги остварат своите права во рамките на законите на Република Македонија и да бидат згрижени, изјави денеска во Прилеп вицепремиерот Кочо Анѓушев одговарајќи на прашањето што се случува со прилепската наменска фабрика и дали е на повидок решавање на проблемот на овој загубар.
Сериозна е поддршката што ја добиваме од Европската Унија и НАТО, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска во Ваташа, одговарајќи на новинарско прашање, колкава е поддршката во инфраструктурни проекти. Тој додаде дека се работи за проекти од патната, железничката и комуналната инфраструктура.
Најголемо учество во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството има Југоисточниот регион со 29,7 отсто, покажува статистиката.
МЕПСО започна со модернизација на трансформаторската станица „Дуброво“, при што ќе биде заменета со нова опрема што е во функција од 1977 година. По тој повод во работна посета на „Дуброво“ денеска беа министерот Горан Сугарески, генералниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, претседателот на Управниот одбор на МЕПСО Борко Алексоски, членови на Управниот одбор на МЕПСО.
Во моментов низ целата територија на Република Македонија се работи на реализација на проекти во висина од преку 800 милиони евра, што е историски највисока инвестициска програма за подобрување на квалитетот на патната мрежа во државата, изјави денеска министерот за тѕранспорт и врски Горан Сугарески, при вршењето на увидот на изградбата на мостот на реката Луда Мара во Ваташа.