Република Македонија оваа година ќе ја посетат 1,2 милион туристи, кои ќе реализираат 3,2 милиони ноќевања и ќе донесат девизен прилив од 24 милијарди денари (390 милиони евра).
Од октомври годинава околу 4.200 вработени во претшколските установи ќе добијат плати зголемени за пет отсто.
На средбата, информираат од Кабинетот на Бектеши, се разговараше за конкретни енергетски проекти во земјата и рехабилитација на постојните енергетски капацитети.
Важно е Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО бидејќи на тој начин младите ќе останат во државата и ќе имаат перспективи каде да работат, истакна министерот за финансии во Владата на Република Македонија Драган Тевдовски за време на неговата денешна посета на Битола.
Подобрувањето на состојбата во градежниот сектор, кој во изминатите два квартали бележи стагнација, било во фокусот на денешната средба на претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори Ивица Јакимовски и членови на комората со кабинетот на премиерот.
И 100.000 евра се доволни за пилот - проект преку кој првично финансиски би се поддржало женското претприемништво во Македонија. Според Здружението на бизнис жени, кај надлежните има расположение за креирање вид гаранциски фонд, но актуелната политичка ситуација засега не ветува многу.
Со британски грант од околу 780.000 фунти Македонија ќе изработува Стратегија за енергетика за наредните 30 години што треба да биде готова до крајот на идната година. Стратегијата ќе ја изработи Прајс Ватерхаус Куперс, а подизведувач ќе биде МАНУ.
Единствена цел на пререгистрацијата на граѓаните во системот на Управата за јавни приходи (УЈП) е да се подобрат услугите што оваа институција им ги дава на граѓаните, децидни се министерот за финансии Драган Тевдовски и премиерот Зоран Заев.
Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе се одржи работен состанок со претставници од регулаторните тела за електронски комуникации од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Меѓународната гимназија „Нова“ во Скопје и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денеска потпишаа меморандум за соработка кој ќе резултира со дополнителна едукација на средношколците која ќе ја водат стручни лица од КХВ. За проширување на нивните знаења во оваа сфера, во „Нова“ ќе биде воведен предметот Пазар на хартии од вредност.