Раководителите на фирмите од преработувачката индустрија оцениле дека економската состојба на фирмите во оваа индустрија во август во однос на јули годинава е поповолна, а поповолна е и во однос на август минатата година. Се очекува бројот на вработените да порасне, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Со поддршка на Светска банка, за кусо време успеавме да напредуваме во клучни реформи. Ажурирана е стратегијата за долгот, направена е тековна ревизија на Законот за јавен долг и ИТ системот за управување со долгот, порача заменик-министерката зафинасии Ширет Елези на отворањето на работилницата за „Проекција на паричните текови и управување со парични средства“ што се одржува во Министерство за финансии.
Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница треба да донесе одлука за новата малопродажна цена на горивата во Македонија што ќе важи во наредните 14 дена.
Нова мерка „Шанса за сите“ која опфаќа преквалификација на невработените лица во согласност со потребите на стопанството предложија денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Сто триесет милиони евра евтини кредити од ЕИБ и ЕБОР им стојат на располагање на малите и средните претпријатија. Кредитната линија од ЕБОР веќе е достапна, а за оние од ЕИБ ќе можат да аплицираат од октомври.
Анализата на Групацијата покажува дека за првите три месеци откако е воведена мерката, значително е зголемено вкупното производство на сувомесни производи, извозот на македонските месни преработки, а потрошувачите добија производи со пониски цени.
Почетокот на изградбата на новиот производствен капацитет лоциран во скопската населба Маџари, општина Гази Баба, го означија вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски.
Според извештајот, како што информира Министерството за финансии, политичката неизвесност е намалена со зајакнувањето на парламентарното мнозинство, што би требало да ја олесни имплементацијата на реформите.
Со успешно придвижување кон НАТО и кон ЕУ може да се очекува забрзување на економскиот раст, а евроатланските интеграции ќе обезбедат можности за повисок раст од оној кој е проектиран за оваа година.
Со реформите во социјалата главна цел ни е примателите на парична социјална помош да ги вратиме на пазарот на труд, рече денеска министерката за труд и социјална политика по посетата на Центарот за социјални работи во Струмица.