Пред претставници на околу 100 домашни компании со значителен обем на надворешнотрговска размена е презентиран новиот канал на прекугранични плаќања во евра, што функционира во Народната банка на Република Македонија од почетокот на минатата година.
Со тендерот, посочија од Управата, е предвидено надградба на системот со нови функционалности, како и модули кои првпат се воведуваат, со цел унапредување на досегашниот систем.
На 22 јануари, со гала коктел во познатиот клуб 100 Wardour St. во Лондон, Forbes ја објави листата “30 Under 30 Europe” која истакнува 300 најдобри претприемачи, лидери и иноватори од Европа во 10 индустрии.
Претседателот на Владата, Зоран Заев во придружба на министерот за здравство Венко Филипче, денеска имаа средба со делегација на Банката за развој на Советот на Европа, предводена од Витомир Мајлс Рагуз, регионален менаџер на банката.
Засега во УЈП немаат бројка колку физички лица имаат обврска да го сторат тоа. Состојбата ќе може да ја согледаат откако ќе завршат роковите за поднесување на годишните извештаи од исплатувачите на приходи и обработката на годишните даночни пријави за остварени дополнителни приходи.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември минатата година изнесувала 23.196 денари, и е повисока за 3,6 проценти споредено со ноември 2016 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора бара измени на законските прописи кои го регулираат вработувањето работници во комуналните претпријатија на локално и на државно ниво.
Од полноќ, литар Еуросупер БС- 95 и 98, дизелот и ектралесното масло за домаќинство поскапуваат за денар. Истовремено килограм мазаут поскапува за половина денар.
Управата за јавни приходи на 26 јануари (петок) ќе организира јавна аукција и комерцијална продажба на голем број на предмети запленети од даночните обврзници.
Во интервјуто за Сител телевизија вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев објаснува како и зошто дојде до продажбата на ЕДС на Грчкото државно електростопанство.