- Нивното место е во фирмите и инфраструктурните објекти, односно таму каде што се создаваат услови за подобар бизнис, а се помалку во фотелјите, бидејќи тој начин на работа досега не даде добри резултати, рече Азески.
Синдикатот на прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ бара државата да преземе суштински чекори за решавање на тешката состојба во оваа фирма, единствен загубар во земјава.
- За жал многу мал дел од стопанствениците се заинтересирани за самата индустриска сопственост. По тој повод и сега и во иднина ќе имаме повеќе манифестации се со цел запознавање на стопанствениците и граѓаните што е тоа индустриска сопственост, зошто е добро да се заштити, потоа што се трговски марки, патенти, вели Герасимовски.
Во вторниот квартал статистичките податоци покажуваат дека стапката на слободни работни места изнесува 1,44 проценти, односно дека имало 7.199 слободни работни места.
Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува од еден од 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Граѓаните на двете земји очекуваат да им служиме од секој аспект, а најмногу од економски, порача премиерот Заев во одговор на прашање по денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ на граничниот премин Прешево-Табановце.
За 2019 година преку ЕУ договоривме 15 милиони евра поддршка на македонското земјоделство. Со 3,5 милони евра од нив ќе се градат нови системи за наводнување, а со 4,5 милиони евра фабрика за третирање отпад од угинати животни, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски на денешната средба со производителите Стајковци и Црешево.
Во Буџетот на Република Македонија има одлична наплата на приходите, има одлична ликвидност, а вршиме сериозен притисок за реализација на предвидените расходи. Она што ме радува е дека имаме раст кај приходите од придонеси, што соодветствува со растот на платите, вели министерот за финансии Драган Тевдовски во интервјуто за МИА.
Сите земјоделци кои од први јануари до 30 септември годинава ги зголемиле стадата, формирале ново стадо, подигнале нов овошен или лозов насад или засадиле повеќегодишни ароматични растенија на нови површини, од денеска до крајот на овој месец ќе може да аплицират за добивање субвенции за осовременување и модернизација на своите стопанства.
Во вториот квартал годинава се запишани 2.163 хипотеки во вкупна вредност од 268.060.621 евра. Во Центарот за катастар на невдижности Скопје се впишани 1.394 хипотеки, со вредност од 120.427.838 евра, а во останатите катастарски одделнија 1.237 хипотеки, со вредност од 147.632.782 евра, покажуваат податоците на Регистарот на цени и закупнини.