Околу 500 илјади членови имаат двете пензиски друштва во вториот столб од задолжително капитално финансираното пензиско осигурување. Вкупните средства кои во овие две пензиски друштва се акумулирани од нивното формирање досега изнесуваат околу една милијарда евра.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до 5 септември треба да ги донесе правилата за снабдување со електрична енергија што ќе важат од 1 јануари идната година, односно по целосната либерализација на пазарот.
Денеска официјално е пуштена во употреба фабриката за производство на пелети „EkoLife“, што ќе работи по највисоки европски стандарди, со најсовремена опрема за производство на енергенс за затоплување од обновливи извори на енергија.
Од Министерството за финансии посочуваат дека целта на измените е да се заштитат правата на потрошувачите и да се зајакне сигурноста и стабилноста на друштвата.
Нова фабрика за еколошки пелети „EkoLife“ денеска ќе биде отворена во село Гиновци, општина Ранковци. EkoLife Pellet е инвестиција од три милиони евра, а на почетокот ќе бидат вработени 40 лица.
Како што соопшти владината прес-служба, на овој начин ќе се придонесе за зголемување на рентабилноста на производството на овие две најзастапени сорти. Одлуката ќе биде донесена на следната владина седница.
До почетокот на ноември се очекува да почнат активностите околу изградбата на инфраструктурната мрежа во индустриската зона Визбегово.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јули годинава се пониски за еден отсто на месечно ниво, а за 0,5 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
За новоизградените станови останува повластената стапка на ДДВ од пет проценти. Денеска предлог измените на законот за изменување на Законот за додадена вредност влегоа во собраниска процедура и добија поддршка на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Државата ќе врати 70 милиони евра во Банката на Советот на Европа, што беа наменети за проектот за изградба на Клинички центар, и од септември заедно со оваа институција и експерти од Европската комисија ќе почне да се работи на изноѓање решение за Клинички центар што ќе даде современа здравстена услуга на едно место.