Бензинот Еуросупер БС-95 од полноќ поскапува за половина денар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98, на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета.
Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2018 година, во споредба со претходниот месец е зголемен за 1,2 проценти, објави Државникот завод за статистика.
Не точно дека откупната цена на пченицата се движи од девет до 10,5 денари за килограм како што соопшти вчера Министерството за земјоделство. Не сме сретнале до сега некој да плати повеќе од 8,5 денари со ДДВ, реагираат денеска производителите.
Извозот на стоки од Македонија во првите шест месеци од годината бележи раст од 26,5 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на извезената стока за периодот јануари-јуни 2018 година изнесува 3.323.298 илјади американски долари.
Шеесет и четири милиони американски долари потрошиле во првите три месеци од годинава туристите на патувања во Македонија.
Стопанската комора на Македонија денеска јавно го поздрави донесувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и порача дека само со државна помош на големите, успешни компании може да се зголеми бројот на конкурентните, извозно ориентирани производи што ќе ја придвижат економијата.
Во рамки на кампањатата “Да ја поддржиме приказната на Делчево”, утре и задутре во Делчево ќе се одржи Бизнис-форум на кој ќе бидат претставени можностите за инвестиции и услови што ги нуди општината согласно законските надлежности.
Постапката е поништена на предлог на Комисијата за спроведување на постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, а по јавното отворање што се оддржи на ден 27 јули годинава за што беше доставена само една понуда, од „Виз ер“.
За 75 проценти во просек се намалени глобите за царинските прекршоци за кои е предвиден мандатен платен налог, односно за оние кои можат да се платат на лице место.
Јавниот долг на Македонија во вториот квартал од годинава за 0,1 процент го надмина ланското ниво, кога прв пат беше намален по девет години и изнесуваше 47,6 отсто од БДП. Во вториот квартал од 2018. јавниот долг изнесува 47,7 отсто од БДП, соопшти Министерството за финансии на својата веб-страница.