За година и половина се пролонгира рокот за изградба на железничката пруга Куманово-Бељаковце, која, како што информира денеска директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Ирфан Асани, се очекува да биде готова до крајот на следната година.
Магистралниот гасовод низ Водно има регуларна градежна дозвола и за негова изградба државата има земено кредит и потпишано договори со изведувачи.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница донесе одлука за измени на Правилникот за начин и услови за регулирање тарифи за пренос, управување со системот за пренос и дистрибуција на природен гас.
Растот на индустриското производство од 12,1 отсто во јуни годинава во однос на истиот период лани и растот на просечната плата забележан во мај покажуваат дека економските политики на Владата се добри и оти даваат резултати на долг рок, порача вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција во Владата.
Во септември треба да завршат градежните работи од реконструкцијата на блоковите В и Г на Студентскиот дом „Гоце Делчев“, а во август ќе почне набавка на нов мебел за 18 ученички домови во вредност од 50 милиони денари, соопшти денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми на прес-конференција за капиталните инвестиции во образованието.
На охридско-струшката ривиера се бара место повеќе. Сместувачките капацитети се исполнети до максимум, информира претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.
По денешната седница на косовската Влада, закажана за 14 часот, ќе биде познат исходот од реакциите на земјите од регионот, а посебно на Македонија, за одлуката за зголемени царини на овошјето и зеленчукот.
Наесен 100-те милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка ќе им станат достапни на малите и средни претпријатија. Министерството за финансии изготви Закон за гаранција што денеска ќе биде разгледан на владина седница, по што ќе биде доставен до Собранието.
Владата на Косово треба да одржи редовна седница на која, меѓу другото, ќе бидат разгледани и аргументите од македонска страна за штетите што ги предизвика оваа времена мерка.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе одржи две подготвителни седници.