Побрз проток на стоки, олабавување на казнената политика и хармонизација со законодавството на Европската унија, предвидуваат измените и дополнувањата на Царинскиот закон, кои попладнево ги усвои Собранието на Република Македонија.
Се кратат помали суми од повеќе поголеми буџетски корисници, а се алоцираат 210,4 милиони денари за спроведување на претстојниот референдум, со одлуката за прераспределба помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите која Собранието ја изгласа попладнево.
Се намалуваат акцизите за малите произведувачи на алкохол, со новиот Предлог закон за акцизи, што го подготви Министерството за финансии, а кој е усогласен со директивите директивите на Европската унија.
Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ја намали цената што ќе ја плаќаат граѓаните на град Скопје за потрошена топлинска енергија од 1 август годинава.
Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани е поголемо за 12,1 отсто. Во периодот јануари – јуни 2018, пак, во споредба со истиот период минатата година има пораст од пет отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Утре, косовската Влада треба да одржи седница на која ќе се разгледаат аргументите што во петокот министерот за економија Крешник Бектеши му ги пренесе на косовскиот колега Бајрам Хасани.
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
- Сите три сегменти од индустријата оствариле помалку приходи отколку во претходната година, и тоа МРТ за 152,34 милиони денари, комерцијалните телевизии за 118,87 милиони денари, а комерцијалните радиостаници за 30,10 милиони денари, стои во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за денеска најави информација за цените на топлинската енергија.
Градинка, јавни објекти, водоводна мрежа, локални патишта - се дел од капиталните инвестиции реализирани изминатата година, преку Проектот за подобрување на општински услуги што го реализира Министерството за финансии.