Многу поголем раст од лани и рекордна сезона, очекуваат годинава туристичките работници. Според нив, досегашниот таргет од еден милион гости е надминат, сега целта е два милиона.
Околу три милиони килограми праски од Росоманско сезонава се извезени во Русија, а се очекува во наредниот период на рускиот пазар да заминат уште до два милиона.
Македонија и Романија да се поврзат со директен, чартер лет на релација Скопје - Букурешт или Крајова - Охрид, бараат тур-операторите од двете земји. Сметаат дека тоа е клучниот чекор за зголемување на бројот туристи, од сегашните 1.500, на околу 30.000 - 40.000.
Само пет отсто од националните и локалните тур-оператори го промовираат руралниот туризам и нудат посети и сместувања во рурални средини низ Македонија, а сопственците на капацитети се снаоѓаат како знаат кога станува збор за привлекување туристи бидејќи организирана понуда нема, покажува најновото истражување на Рурална коалиција.
Настанот насловен „Стратешкиот развој на руралниот туризам доволно познат и применлив или не?“ го организира Рурална коалиција, а ќе учествуваат претставници на министерствата за земјоделство и за економија.
Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува и ќе се обрати на отпочнувањето на изградбата на фабрика на турската компанија Мурат Тиџарет во ТИРЗ Скопје 2.
Заеднички став за одлуката со која Косово ги зголеми царините на овошјето и зеленчукот, се очекува од денешната средба во Белград чиј иницијатор и домаќин е српскиот министер за трговија Расим Љајиќ.
Даночните обврзници што вршат дејност во туристичките места, како и субјектите кои се позиционирани на патните делници се предмет на засилен мониторинг од страна на Управата за јавни приходи, преку зголемено присуство на терен и ангажирање на сите расположливи капацитети.
Кон крајот на годината се очекува да биде одобрена новата стратегија за Македонија на Европската банка за обнова и развој, за која разговараа денеска тим на ЕБРД, предводен од Анка Иоана Ионеску, раководител на канцеларијата на банката во Македонија и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска.
Македонските стопанственици бараат укинување на косовската одлука со која се зголемија царините за извоз на овошјето и зеленчукот. Сметаат дека ќе нанесе огромна штета врз економијата, а и сега, велат, во овие неколку дена, штетите достигнаа околу три милиони евра.