Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот ќе има негативно влијание врз бизнисот во Македонија, многу од компаниите кои се микро, мали и средни нема да можат да ги имплементираат одредбите во целост, сметаат од Стопанската комора на Северозападна Македонија и бараат неговата примена да се одложи на неодредено време.
Речиси една третина (29 проценти) од корисниците на роаминг од Македонија не ја знаат тарифата кога ја користат услугата, покажува последното истражување на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Воведување такви мерки кои се рестриктивни и се спротивни на слободната трговија меѓу земјите секако дека го сметаме како како неразумен, односно погрешен потег од другата страна, реле Дрилон Исени, извршен директор на Комората.
Општините минатата година потрошиле 80 милиони евра за јавни набавки, што е за 44 проценти помалку од претходната година, покажува базата со податоци за сите набавки на општините што ја објави денеска Центарот за граѓански комуникации.
Претседателите на секторските комори на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и членови на управниот одбор денеска ќе одржат работен состанок на кој акцент ќе биде ставен на важноста од влез на повисоки технологии во соработката на домашните и странските компании.
На седницата на Националниот совет за евроинтеграции, еврокомесарот Хан истакна дека нема време за губење.
Имено, според анкетата 69 отсто од граѓаните не можат да си дозволат да одат на одмор или патување еднаш годишно. 91 отсто не можат да си дозволат козметички третман или масажа еднаш месечно, 78 отсто не можат да си дозволат да купат ново парче облека или обувки еднаш месечно.
Република Македонија ги следи меѓународните стандарди и трендови за спречување даночно затајување и избегнување плаќање данок, истакна заменик министерката за финансии Ширет Елези на конференцијата насловена „Подобрување на меѓународната соработка: Борба против даночната евазија“, која се одржува во Тбилиси, Грузија.
Тутунарите не ја делат оценката со Стопанската комора на Македонија дека откупната цена на тутунот годинава ќе биде пониска, но се согласни оти неповолните временски услови се одразија врз квантитетот поради што е неизвесно дали ќе се испорачаат договорените 27 милиони килограми, колку што бараат откупувачите.
Економската состојба во деловните субјекти во јуни годинава во однос на претходниот месец и во однос на јуни 2017 година е поповолна. Поповолна е состојбата со порачките и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци.