Примена на краудфандинг во Македонија, односно концепт на прибирање средства од поголем број инвеститори за финансирање компании, ќе придонесе за поголем и полесен пристап до капитал за малите и средни претпријатија, особено за стартапите.
Со претстојните преговори за членство во Европската унија Македонија ќе се адаптира целосно на законодавството за технолошко индустриските развојни зони, тоа го знаат инвеститорите, но нашите предности ќе останат, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Во 2018 година ќе ја оствариме нашата проекција за раст и Македонија ќе влезе во зона на раст што сите го очекуваме, рече министерот за финансии Драган Тевдовски .
Собраниската Комисија за транспорт и врски денеска го прифати предлогот за ребаланс на Буџетот на Македонската радио телевизија, со што за оваа година на сметката на јавниот радиодифузер ќе легнат уште околу три милиони евра.
Осумнаесет милиони евра е почетната инвестиција на американската компанија „Дура аутомотив системс“ во фабриката во Технолошко-индустриската развојна зона кај Скопје, чија изградба почна денеска.
Судијката Валентина Ѓорѓиевска ја потврди одлуката што ја донесе Собранието на доверители на 4. јули со која е прифатен планот за реорганизација на Фени Индустри. Планот како позитивен и перспективен беше изгласан и прифатен со 96 отсто мнозинство од доверителите.
Пониски откупни цени и проценка во пониски класи поради намален квалитет на тутунот, очекува Стопанската комора на Македонија од годинашната реколта.
Лозарите од Тиквешкиот регион бараат грозјето од годинешнава реколта да се плаќа според шеќерни единици, истакна денеска претседателот на Здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев.
Прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани бележи раст од 8,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.
До крајот на годината Јавното претпријатие Државни патишта ќе инвестира три милиони евра, односно 180 милиони денари за изградба и санација на три регионални патни правци во општина Гевгелија.