Потребен е регистар на занаетчии, нивно поврзување со средните стручни училишта, промена во даночната политика за оваа сфера и нов систем за субвенционирање, покажала студијата „Преку проценка на влијанието на регулативата на занаетчиската дејност до подобрување на деловната клима“.
До 15 август ќе биде отворен јавниот оглас на Агенцијата за стоковни резерви за набавка на меркантилна пченица. Со огласот е предвиден откуп на 13.000 тони домашна пченица. Распишани се 10 лотови по 100 тони и три лота по 4.000 тони пченица.
Во приватна куќа во скопската населба Тафталиџе денеска беше пуштена во употреба првата мала фотоволтаична централа со што беше промовиран системот наменет за домаќинствата и компаниите.
Над седумдесет млади лица овој викенд во Министерството за финансии ќе работат на развивање апликација која ќе ја користи Министерството за финансии за во иднина да го направи Буџетот на РМ подостапен и транспарентен за граѓаните.
Во Македонија корупцијата не е клучен проблем на граѓаните и тие имаат мал отпор кон неа. Кога им се бара мито, тие најчесто даваат. На 36 отсто од граѓаните им било побарано мито, а 31 отсто дале.
Треба да бидеме реални. Она што државата го правеше последните десет години не беше добро. Никогаш нема да има конкурентност со субвенции.
Во Скопје денеска во организација на здружението за социјални иновации „Арно“ ќе бидат прогласени победниците на конкурсот за зелени бизнис идеи.
Собранието на доверители на ФЕНИ Индустри гласаше за планот за реорганизација на ГСОЛ/ ЕуроНикел и од денеска започнува реорганизација на ФЕНИ Индустри.
Република Македонија во првите пет месеци од годинава извезла стока во вредност од 2.759.963 илјади американски долари, забележувајќи раст од 29,1 процент во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.
Четири милиони евра треба да инвестира Друштвото за производство и трговија ТЕЛАМОН ЕВРОПА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и да овозможи вработување на 300 лица. Инвестицијата на компанијата треба да се реализира во Инџиково, општина Гази Баба.