По неколкудневен застој, продолжи откупот на лубениците во селото Колешино, најголемиот производител на оваа градинарска култура во Струмичко.
Буџетот за бесплатното болничко лекување кое, како што најави премиерот Зоран Заев, ќе стартува од 1 јануари 2019 година, ќе изнесува околу 7,6 милиони евра.
Светска банка започнува со подготовка на новата стратегија за партнерство со Република Македонија, во која што земјоделството е високо на листата на приоритетни сектори.
Вработени во фабриката за производство на воена опрема „Еурокомпозит“ од Прилеп денеска протестираат пред Владата, барајќи спроведување на договореното за решавање на статусот на фабриката и исплата на заостанатите плати и придонеси.
Како што информира Македонско-Турската комора (МАТТО) за МИА, целта е да се информираат за македонската економија и плановите за развој, а потоа, тоа да го споделат и турската јавност да ја запознаат со македонските инвестициски, економски, туристички и други потенцијали.
Јавна расправа по Предлог законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување заеднички простории.
Регулаторната комисија за енергетика денеска на подготвителна седница ќе разгледа две предлог решенија за стекнување привремен статус на повластени производители на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.
Во текот на летото ќе се работи на ребаланс на Буџетот, среќен сум што приходите во него растат, рече премиерот Зоран Заев на попладневниот дел од седницата за пратенички прашања.
Со цел спречување на внесување, навремено забележување и пријавување на болеста „чума“ кај овци и кози која од 22 јуни годинава е потврдена и во соседна Бугарија, а е присутна и во Турција, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение за забрана за увоз и транзит од Бугарија.
Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, девизи, лекови, диететски суплементи, облека, козметика и фалсификати.