Становите во општина Центар нема да поевтинат, но во останатите општини е можно намалување на цените за некој процент, оцени денеска Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Вкупно 1.300 работници ги исполниле условите и добиле ваучери за субвенциониран годишен одмор од пријавените над 1.900 на огласот од 2 април до 31 мај годинава.
Пакетот за поврзување за 2018 година согласно Дигиталната агенда за Западен Балкан која стартува денеска со Дигиталното собрание што се одржува во Софија, има на располагање 220 милиони евра ЕУ грантови.
Капацитетите на петте конзервни фабрики од Гевгелија се подготвени за новата сезона. Ќе ги приготвуваат познатите производи од зеленчук и овошје, барани на домашниот и странскиот пазар.
На првиот јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за поддршка на мали и средни претпријатија, кој траеше од 27 април до 11 јуни, примени се 236 апликации за инвестициски проекти.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски денеска ќе презентираат податоци за интересот на малите и средните претпријатија на првиот јавен повик од Фондот, како и за мерките од Планот за економски раст.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април годинава во однос на април 2017 година е повисока за 5,5 отсто.
Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони потпиша Договор за долготраен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со компанијата „AIM property“ што ќе гради објект за потребите на американската компанија од автомобилската индустрија „DURA Automotive Systems“ која ќе биде корисник на слободната зона.
На состанокот, на кој учествуваше и министерот за економија Крешник Бектеши, се разговараше за климатската и енергетската политика на Енергетската задница, како орган на Европската комисија, до 2030 година.