Изработката на програмата за најавената мерка за директна помош за раст на платите до 18.000 денари во трудоинтензивните дејности е во завршна фаза и наскоро ќе биде доставена на усвојување до Владата, најавуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Во Скопје денеска ќе се одржи конференција „Програма за економски реформи - клучен елемент за фундаментален пристап и економското управување во процесот на Европскиот семестар“.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе изврши увид во реконструкцијата на регионалниот пат Кочани – Делчево.
Подобрена е состојбата во јавните финансии во Македонија, а тоа го потврдија меѓународните финансиски институции и Европската комисија, вели министерот за финансии Драган Тевдовски во видео-изјавата по повод една година од формирањето на Владата.
Во земјава има многу ниска ефикасност на јавната потрошувачка, мерена според ефектите што ги дава врз Бруто домашниот производ, односно врз динамиката и квалитетот на економскиот раст и развој, порачува академик Таки Фити.
Министерот за финансии Драган Тевдовски оствари средба со холандскиот министер за финансии Укстра за време на Конституенцата Светска банка - ММФ што се одржува во Сплит.
Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на средбите на Конституенцата на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои се одржуваат во Сплит, Хрватска.
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе додели награди на училиштата кои имаа најуспешен истражувачки проект во рамки на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ кој беше отворен од 31 ноември минатата година до 15 февруари годинава.
Во Министерството за финансии се одржа јавна дебата со институциите за Нацрт текстот за законот за јавни набавки, со што завршува процесот на јавни консултации.
Во кавадаречкиот комбинат Фени производството на никел во мај надмина 1.000 тони произведен никел, а раст е забележан и кај извозот, соопштуваат од ЕуроНикел, подружницата на ГСОЛ во Македонија, која моментално работи со ФЕНИ Индустри.