Туристичките капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се исполнети максимално, а хотелиерите очекуваат успешна туристичка сезона.
Растот на цената на нафтата на светските берзи не се очекува да предизвика инфлаторни промени, оценува гувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска.
Повеќе од 120 претставници на централни банки од дваесеттина држави учествуваат во работата на 11. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура „Време е за дигитализација“.
„Време е за дигитализација“ е тема на единаесеттата конференција за плаќања и пазарна инфраструктура што од денеска до 8 јуни ќе се одржи во Охрид во организација на Народната банка на Република Македонија во соработка со Централната банка на Холандија.
Владата на денешната 71. седница ја разгледа и усвои одлуката за формирање Дигитален форум за информатичко - комуникациски технологии.
Потврдени се двете странски инвестици на „Балканлар пластик“ и „Зенит“, од вкупно 13 годинава, кои што неодамна ги најави вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Македонија и Грција ќе реализираат 37 заеднички проекти во рамки на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка во износ од 36,2 милиони евра.
На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од една милијарда денари со камата од еден отсто и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 337 милиони денари со камата од 3,50 отсто.
Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на претходниот месец бележат намалување за 0,1 отсто, а за периодот јануари - мај 2018 годна во однос на тој период лани бележат зголемување за 1,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Предложените измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост со кои до крај на 2021 година се овозможува поднесување барања за приватизација на државно земјиште денеска беа едногласно поддржани од собраниската Комисија за финасирање и буџет.