Околу 18 проценти од своите бруто домашни производи губат земјите од Западен Балкан поради невклучувањето на сите жени на пазарот на труд.
Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ е во дводневна посета на Софија каде учествува на конференцијата „Балкански инженерски форум - Регионална соработка на Балканот".
Владата денеска на седница ќе расправа за информација во врска со потребата за донесување програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија.
Клучните наоди од првиот мониторинг извештај за корупцијата во Република Македонија денеска на прес-конференција во Скопје ќе презентира Транспарентност Македонија (ТМ), во соработка со НВО Инфоцентарот.
Новоизбраниот гувернер на Народната банка на Република Анита Ангеловска - Бежоска денеска ќе ја преземе функцијата од досегашниот гувернер Димитар Богов.
Со нови цени се цигарите „Бос“, „Вест“, „Давидов“ и „Родео“. Сите видови на „Бос“ цигари се покачени за пет денари, „Вест“ меко исто така, „Давидов класик“ и „голд“, исто за пет денари, како и сите видови на цигари „Родео“.
Дипломираниот машински инженер од Прилеп Златко Граороски е нов директор на прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“. Граороски, кој доаѓа од приватна фирма, вели дека денеска официјално е назначен од претставникот на државниот капитал на компанијата.
Собранието поладнево го донесе законот за енергетика во целина, откако претходно пратенците дискутираа за дополнетиот предлог-закон во второ читање.
Драган Данев рече дека како довчерашен пратеник на ДУИ, Алити не може да биде независен претседател на регулаторно тело како што е Комисија за хартии од вредност.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава изнесува 23.694 денари и е за 5,6 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Просечната исплатена бруто-плата, пак, е 34.764 денари и е повисока за 5,3 отсто во споредба со март 2017 година.