Здружението „Вина од Македонија“, во кое членуваат најголемите производители и извозници на вино во земјата, ја поздравува одлуката на Владата да предложи укинување на одредбите од Законот за трговија.
Мелничката индустрија нема да откупува пченица до претстојната жетва и во текот на неа доколку во рок од 30 дена со Владата не се најде решение за неповолната состојба во која се најдоа мелниците поради непочитување на правилниците за увоз на брашно.
Претставници од министерствата за финансии и централните банки на шест земји од Југоисточна Европа имаа средба во Народната банка на Република Македонија за годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ).
Укинувањето на царинската давачка за увоз на замрзнато свинско месо, за што одлука донесе вчера Владата, ќе трае до 15 ноември 2018 година, а треба да придонесе кон зголемување на извозната конкурентност на домашната индустрија.
Од компанијата информираат дека приходите од продажба во првите три месеци од 2018 година изнесуваат 2.503 милиони денари, што претставува зголемување за 2,1 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
Сто и четири проекти ќе бидат финансирани преку Програмата за рамномерен регионален развој во вкупна вредност од 4,5 милиони евра што е за 57 проценти повеќе од средствата што биле одвоени минатата година.
Нормираниот учинок повеќе нема да биде услов за исплата на минималната плата. Од Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопштија дека Уставниот суд ги укинал членовите од законот во делот за нормираниот учинок.
Автопатите Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце и патот Крива Паланка до границата со Бугарија, се идните проекти кои ќе бидат во фокусот на соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествува на Годишните средби на ЕБОР, што се одржуваат во Јордан.
Во Владата на Република Македонија денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка за воспоставување на јавно приватен дијалог на Владата со четирите стопански комори, партнери на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.
Биле фалсификувани и денари од 485 сомнителни денарски бакноти, при што било утврдено дека 83 бакноти се оргинални додека останатите 402 книжни пари биле фалсификувани.