Мора да се вложува со истражувања и развој за да се искористат потенцијалите на македонското стопанство, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
Македонија, Србија и Црна Гора ќе работат на зајакнување на соработката во областа на туризмот со цел заедничко претставување на трети пазари и креирање на нови заеднички понуди.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска во Софија ќе учествува и ќе се обрати на Виенскиот економски форум што ќе се одржи во Националниот дворец на културата.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески учествуваше на министерски состанок за транспортната поврзаност на земјите од Западен Балкан во Софија каде ги презентираше тековните и планираните проекти во патната и железничката инфраструктура што се реализираат од македонска страна на коридорите 8 и 10.
АД ЕЛЕМ објавува продажба на вишоци на електрична енергија за јуни годинава во вкупни количини од 24.480 мегават часови, од кои 14.400 се „базна”, а 10.080 „врвна” електрична енергија.
Платформата, формирана во март годинава, во моментот брои 47 членки - претставници на граѓанскиот сектор, креатори на политики и релевантни институции што дејствуваат во областите на преговарачкото поглавје, соопшти денеска ПСМ Фондацијата.
Според Сугарески, за да нема техничко и технолошко заостанување зад развиените држави потребно е инвестирање во сообраќајното транспортно инженерство.
Претставници на туристичкиот сектор, туристички асоцијации, државни институции со ингеренции врз туризмот, на образовни институции и на локални самоуправи од 12 општини учествуваат на дводневниот тренинг посветен на глобалните стандарди за одржлив туризам што од денеска се одржува во Охрид.
Во рамки на посетата на Република Бугарија, во предвечерјето на Самитот ЕУ-Западен Балкан, министерот за економија Крешник Бектеши оствари работна средба бугарската министерка за туризам Николина Ангелова, соопшти кабинетот на министерот.
Преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Министерството за финансии на сметките на тутунарите денеска се исплатени 22 милиони евра субвенции за реколтата од 2017 година.