Компаниите во Македонија, посебно микро, малите и средните фирми, многу малку или воопшто не користат факторинг. На ниско ниво се и свеста, како и информираноста за овој алтернативен начин на финансирање.
Во соопштението до медиумите „Сардич МЦ“ ДООЕЛ се повикува на записник за вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат од 15.03.2018 година извршен по налог на Владата на Република Македонија.
Во февруари годинава во државната каса има повисоки приходи како резултат на повисоките даночни приходи и повисока наплата на придонеси.
Тој додаде дека транспарентноста на владата во субвенционирањето на компаниите не само што е добра, туку е и неопходна мерка бидејќи станува збор за јавни пари.
ЕЛЕМ денеска објави тендер за купување на помошна механизација за РЕК Битола, бидејќи ангажирањето механизација при ископот е еден од главните трошоци на компанијата, информираат од таму.
На Дигиталниот самит на Западен Балкан во Скопје ќе разговараме за драстично намалување на цените на роамингот за земјите од регионот со ЕУ, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на меѓународната конференција за ИКТ, иновации, регулатива и инвестиции.
Од раководството ја добиле одлуката дека им е забранет влезот во фабриката поради суспензиите на синдикалните членови што тие не ги признаваат. Очекуваат смена на актуелното раководство...
Десет студенти од додипломски, постдипломски и докторски студии до август годинава ќе имаат можност да поминат по еден работен ден со пет водечки извршни директори во земјава.
Посочи дека особено е важен растот на платите во текстилната и индустријата за производство на облека и кожа, каде во минатото постоело второ ниво на пониска плата.
Познати се овогодинешните 10 најуспешни менаџерки во Македонија. Тие ќе бидат прогласени на годинашниот 22от избор на Топ 10 најуспешни што го организира агенцијата „Марили“ на 29-ти овој месец.