Пет милиони денари ќе додели Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за најдоброто софтверско решение за распределба на транспортните дозволи и лиценци во домашниот меѓународен патен транспорт.
Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Куманово ги потсетува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување барања за субвенции трае до 15 мај.
Минатата година увозот на брашно од Србија достигнал 53.000 тони и овие количини не се очекува да се зголемат со потпишување на договорите за унапредување на размената зашто толкава е потребата на македонскиот пазар.
Десет старт-ап компании од шест држави од регионот ги претставија своите бизнис идеи на „Напреварот за убедување“ што се одржува денеска на Саемот на ИТ фирми во рамки на Дигиталниот самит за Западен Балкан во Скопје.
Македонија направи одреден прогрес и е на завидно ниво во подготовката и развојот на функционална пазарна економија и е умерено подготвена да се соочи со конкуренцијата на европскиот пазар
Детално го разгледавме Извештајот на ЕК кој се однесува и на нашиот сектор. Особено е значаен нотираниот напредок, особено во делот на безбедноста на храната.
Повикот со кој домашните компании ќе може да конкурираат за финансиска поддршка со мерките од третиот столб на владиниот План за економски раст ќе биде објавен в среда следната недела, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Осуманесет возила „дачија“ и 300 компјутери во вкупна вредност од 1,4 милиони евра доби денеска Министерството за земјоделство од Европската унија.
Преговорите за увозот на српско брашно е можно да завршат со целосно укинување на маркичките, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Анѓушев се согласува со укажувањето во Извештајот дека треба да се сузбие сивата економија која, како што вели, е присутна во сите сегменти на живеењето на РМ, како на пример земјоделските производи, продажбата на текстилот.