Финансиски олеснувачи ќе им помагаат на компаниите да подготват квалитетен проект со кој ќе може да конкурираат за добивање неповратни средства со повикот што треба да го објави Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР)
Владата внимателно ја следи состојбата со најавите за ограничен увоз на челик во САД и Европската унија и согласно развојот на ситуацијата ќе излезе со предлог мерки за превенирање на евентуални проблеми.
Регионалната комора при Стопанската комора на Македонија од Кичево, во соработка со Проектот на УСАИД за факторинг, денеска одржа тркалезната маса на тема: ,,Факторингот како алтернативен извор на финансирање“.
Светска банка гледа позитивен тренд во регионот на Западен Балкан и има позитивни прогнози за економскиот раст во Македонија во блиска иднина.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски истакна дека информацијата за овој меморандум била разгледана и усвоена на вчерашната седница на Владата на РМ .
Македонските компании се уште малку ја користат финансиската поддршка што им е на располагање поради слабата информираност, несоодветноста на програмите и недоволниот институционален капацитет
Украина ќе го почитува решението на судот во однос на едностраното раскинување на договорот за Казандол, истакна денеска украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин кој е во дводневна посета на Македонија.
Светска банка ја поддржува и смета дека е прифатлива најавената даночна реформа и воведувањето прогресивно оданочување, но порачува дека Владата треба да направи повнимателна анализа околу висината на износот на кој ќе се однесува повисоката стапка на оданочување.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Турција каде што ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит што ќе се одржи во Истанбул.
Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, денеска и утре ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит што се одржува во Истанбул.