Ваквата корекција регулаторот ја правда со 2,2% повисока цена на нафтата и за 0,04% понизок курс на денарот во однос на доларот.
Овие два огласа се дел од Програмата на владата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година преку која годинава првпат се додели надоместок на дел од трошоците за купување печки на пелети.
Во Народната банка на Република Македонија денеска ќе се одржи седница на Комитетот за финансиска стабилност.
Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ во врска со проблемот околу извозот на српското брашно во Македонија, за РТС денеска изјави дека се противи на воведувањето контрамерки кон Македонија, велејќи дека тоа би било лошо и за српските и за македонските бизнисмени.
Во четвртото тримесечје од 2017 година во Македонија стапката на слободни работни места изнесувала 1,33 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Како што информира владината прес-служба, за ова денеска разговарале премиерот Зоран Заев и делегација на сопствениците и на менаџментот на компанијата „Мермерен комбинат“ од Прилеп.
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава и потсетува дека наближува крајниот рок за поднесување до 15 март.
Од овој Закон очекуваме да ја зголеми транспарентноста на постапките. Во исто време тој треба да ја подобри ефикасноста, да стави акцент на најдобрата економска понуда.
Од „Еуроникел“ велат дека ова е надвор од нивните законски обврски, но решиле да им помогнат на транспортерите, за да не се влоши нивната финансиска состојба.
Реформи во јавните набавки со посебен осврт на текстот на законот за јавни набавки е тема на денешната дебата што ќе се одржи во Штип.