Државата за прв пат ќе извезува ум на организиран начин, рече денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески при денешната промоција на Клубот на консултанти и експерти.
Бројот на превезени патници на двата аеродроми во Република Македонија во континуитет бележи раст, информираат од министерството за транспорт и врски.
Подобрување на бизнис климата за работа на малите и средните претпријатија треба да овозможи проектот „Паметна алатка за управување со бизнис“ кој денеска беше промовиран во Скопје.
Транспортери со побараувања од Комбинатот „Фени“ втор ден протестираат на патот од Кавадарци кон мотел Дреново. Преку протестот бараат исплата на долговите што ги има „Фени“ кон нив за пренос на руда.
Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска наградена на Светскиот инвестициски форум на бизнис- ангели во Истанбул. Таа го понесе признанието за најдобар пример за бизнис- жена во Југоисточна Европа.
Клуб на консултанти/експерти, кој ќе обединува експерти од повеќе различни области, вклучувајќи ги меѓу останатото енергетиката, индустријата и инфраструктурата, ќе почне да функционира во Стопанската комора на Македонија.
Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека не треба да се посегне кон зголемување на прагот за пензионирање се додека не се искористат сите други можности.
Сопственикот на „Веибо груп“ има две опции, да донесе нов капитал и да се раздолжи кон сите доверители и да продолжи да работи или, пак, да оди во стечај, порачува вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, смета дека транспортерите на „Фени“ и закупецот на комбинатот, швајцарската компанија „Џи Сол“, ќе успеат да најдат заедничко решение за да продолжи работата во фабриката.
Со претходната Влада преговараше, со сегашната ја официјализира инвестицијата. Германската компанија „ВИК“ денеска потпиша Договор за државна помош со Владата. Фирмата почна да го гради капацитетот лани во јули во зоната во Прилеп.