Изградбата на автопатот Скопје-Блаце во должина од 13 километри е врвен приоритет за Владата и во моментов се прави репроектирање на веќе изработената проектна документација со цел да се отстранат неправилностите и пред крајот на идната година да започне изградбата,
Тој нагласи дека се очекува постапката да заврши до крајот на февруари идната година и по донесувањето на завршните сметки од март компаниите да можат да аплицираат за мекрите и придобивките што ги нуди планот.
Индустриското производство од јанури до ноември годинава бележи раст од 0,5 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.
Народната банка на Република Македонија пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“, „Тркало на среќата“, „Јарец“ и „Водолија“ од серијата „Хороскопски знаци“.
На кинеската компанија Синохидро најверојатно ќе предложиме два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид. Првиот ќе биде за продолжување на рокот за градба за уште околу три години, а вториот за дополнителната сума за доизградба.
95-октанскиот ќе се продава за 66,5 денари за литар, бензинот од 98 октани за 68 денари, новата цена на дизелот изнесува 55 денари. За еден денар поскапува екстра лесното масло за домаќинство, на 44 денари за литар, а нешто поскаш ќе биде и мазутот.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска смета дека иако повеќе фактори влијаат на покачувањето на просечната плата во Македонија, сепак големо влијание има и покачувањето на минималната плата.
Според министерот за финансии Драган Тевдовски, Буџетот на Република Македонија за 2018 година е најдобра рефлексија на ангажманот на новата Влада за постигнување на клучните цели и приоритети на општеството...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2017, изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири проценти во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
За најдобра менаџерка е прогласена Анита Спасовска од компанијата „Бучен Козјак“, а наградата за најдобар менаџер ја доби Игор Крпачовски од „АрцелорМиттал“.