Со 51 глас „за“, 25 „воздржани“ и ниту еден „против“ Собранието на Република Македонија денеска ја усвои одлуката за прераспределба на 1,6 милијарди денари меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.
Државната каса во 2018 година ќе тежи 3,4 милијарди евра. Пари предвидени за капитални инвестиции, за навремена и непречена исплата на плати, пензии, социјални трансфери, поддршка на домашни компании.
Новото поле на делување на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за примена на иновации во јавниот сектор продолжува со два повика во областа на образованието, за поттикнување креативни идеи кај основци и средношколци.
На седницата членовите на Советот разгледаа Анализа на системска функционалност на интегрален пензиски систем и предизвици за повисоки комбинирани пензии.
Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз во третото тримесечје од 2017 година е намален за 3,7 отсто во споредба со истиот период лани, додека вкупниот број на патничките километри е зголемен за 1,6 отсто.
Фондот за иновации и технолошки развој финасираше само стартап и микро компании и компании што имаат помал приход од еден милион евра годишно.
Граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците. Без тоа не можеме да ги развиваме столбовите на општеството, образованието, здравството, истакна Тевдовски.
Сигурност и стабилност на осигурителниот сектор како во земјите членки на ЕУ, ќе добие Македонија со новиот закон базиран на директивата Солвентност 2, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
Фодот на Западен Балкан ќе финансира мали и средни проекти со главна цел зголемување на регионалната и прекуграничната соработка и зајакнување на регионалната кохезија.
Не е важно кој ќе биде газда, важно е да работиме, изјави денеска претседателот на Синдикалната организација при комбинатот „Фени индустри” Ѓоре Палитов, откако Врховниот суд одлучи надлежноста околу покренатата стечајна постапка да остане во судот во Велес.